Рaкометната Лига на шампиони стартуваше вчера и веднаш беше постигнат еден од најчудните погодоци во ракометот. Кјелце беше домаќин на француски Нант, а полскиот тим победи со 40:33.
Ова е само вторпат во историјата на Кјелце да постигне 40+ погодоци на меч во Лигата на шампионите, а дека на домаќините речиси сè им одеше од рака, се покажа во акцијата на Дилан Нахи, кој пресече една топка на противникот и сам тргна во контранапад.
Нахи сакаше да го проигра соиграчот на крилната позиција, но неговата топка беше блокирана и летна високо во воздух, а паѓаше во просторот на гостинските голмани. Нахи сепак успеа да се снајде одлично и на магичен напад постигна погодок.