Три погодоци во првиот дел од Лигата на Европа се поништени во првите 45 минути од седумте средби коишто се на програмата од 21 часот.
Фенербахче, каде што Езџан Алиоски е на клупата, барем за момент поведе против Рен на гостински терен, но голот на Ирфан Џан Кавечи во 27-мата минута беше поништен поради офсајд.
За Динамо Киев пак погоди Виталиј Бускалски против АЕК Ларнака, каде што капитен е Иван Тричковски, за по видеоасистенција да биде поништен и овој гол, исто така поради офсајд, и со тоа Македонецот и неговиот тим имаат предност на паузата.
Ројал Унион и Малме играат 1:1, а фановите на домашниот тим по вторпат се израдуваа, но тоа траеше кратко бидејќи голот постигнат од Исмаил кандус во 26-тата минута беше поништен исто така поради офсајд.
Рома, пак, игра 0:0 против ХЈК Хелсинки во меч каде што е голем фаворит, но и каде што гостите се со играч помалку, но не успева да ја искористи оваа предност.
Жозе Мурињо со право во неколку наврати беше нервозен кон своите играчи, откако промашија шанси по коишто Рома можеше да дојде во водство.