Откако по првото полувреме Рома и ХЈК одиграа 0:0, во вториот дел фаворитот ја оправда улогата и со головите на Паоло Дибала (47′) Лоренцо Пелегрини (49) и Андреа Белоти (68′) запиша триумф од 3:0 против ХЈК Хелсинки.
Иван Тричковски, пак беше капитен и одигра 64 минути во победата на АЕК Ларнака над Динамо Киев од 1:0.
Стрелец на единствениот гол беше Адам Ѓурцо во осмата минута.
Езџан Алиоски влезе во 57-мата минута, но и покрај тоа Фенербахче не успеа да се спаси од пораз и загуби од Рен со 2:1.
Мартин Териер даде гол за домаќините во 52-рата, а само две минути подоцна домаќините ја дуплираа предноста и поведоа со 2:0.
Прекрасниот гол на Ирфан Џан Кавечи во 60-тата минута беше најава за враќањето на гостите од Турција, кои дојдоа до бодот со голот на Енер Валенсија, и тоа од пенал во 93-тата минута.
GGGOOOAAALLLL
Amazing goal by Kahveci come on guys 2-1 pic.twitter.com/9Xf5amV5Qo— Kaan-Turkish Football🇹🇷 (@Kaan_turk_footy) September 15, 2022