Парите го победија фудбалот – УЕФА ќе донесе неверојатна одлука за финалето од Лигата на шампионите

Парите полека но сигурно ја уништуваат убавината на фудбалот. Големите екипи стануваат уште побогати, додека останатите се надеваат дека ќе заработат од продажба на некој добар играч.

Но, УЕФА јасно е дека мора да застане во одбрана на големите, бидејќи тие се тие што ги носат неверојатните приходи. А дека парите го победија фудбалот говори и последната одлука.

Мадридскиот весник АС дојде до неверојатни инфорамции дека УЕФА е подготвена да почне да ги организира финалињата на Лигата на шампионите во САД.

Интересот за да се одржи овој меч во Северна Америка е огромен, а уште поголеми се средствата кои што би се слеале во касата на Европската куќа на фудбалот.

Јасно е дека со ваква одлука, елитниот фудбал за обичниот човек станува луксуз којшто не секој може да си го дозволи.

 

- Оглас -

Најнови вести