Неверојатниот Халанд погоди за историја – Манчестер сити со нови лесни три бода (ФОТО)

Манчестер сити го победи Вулверхемптон со 3:0 и тоа на гостински терен во првиот денешен меч од 8-то коло во Премиер лигата.

По само 55 секунди, гол за гостите постигна Џек Грилиш, додека во 16-та минута, Ерлинг Халанд повторно погоди. Халанд постигна гол на сите четири гостински натпревари и со тоа стана првиот фудбалер во Премиер лигата на кој што му успеал такво нешто.

Воедно, ова за Халанд беше и 100-ти погодок ако се сметаат головите постигнати за Борусија Дортмунд и Манчестер сити.

Во 33-та минута, Натан Колинс доби црвен картон поради „кунг фу“ ударот врз Грилиш. Во вториот дел, гостите рутинирано ја дообработија задачата а третиот гол беше дело на Фил Фоден (69′).

Манчестер сити се искачи на првото место на табелата во Англија и со седум одиграни натпревари има 17 бода.

- Оглас -

Најнови вести