Норвешка со сигурна и ефикасна игра ја декласира и Австрија со 34:24 и ја забележа третата победа на ракометниот Мундијал со двоцифрена разлика.
Резултатот е идентичен како на премиерниот меч против Тунис, а потоа декласирана беше и Саудиска Арабија со 40:21.
Вечерва Австријците се држеа добро во првите 30 минути, имаа достижна негатива од 13:16, но потоа Норвежаните притиснаа и славеа со висока разлика од десет гола.
Првиот фаворит за најдобар стрелец на шампионатот, Сандер Сагосен беше најефикасен со 8 голови, Јондал постигна 7, а Мирхол шестпати беше прецизен.
Јанко Божовиќ, поранешниот играч на Металург, беше прв стрелец кај Австријците со 7 погодоци.
Норвешка има максимален ефект по три кола во групата Ц, а Австрија има една победа и два порази.