Франција или Шпанија, кој ќе седне на кошаркарскиот трон ќе се знае некаде по 22 часот вечерва.
Големото финале на Евробаскетот кој е со почеток од 20:30 часот во „Мерцедес арената“ во Берлин ќе го даде конечниот одговор која селекција ќе ја замени Словенија како актуелен првак.
Французите се предводени од НЛА Ол-Стар играчот Руди Гобер, но и Шпанија има свои адути, иако на ова натпреварување неколку пати беше отпишана досега. Одличниот Лоренцо Браун уште еднаш ќе се обиде да ги поведе Шпанците и тоа кон четврто златно европско одличје.
Сосема јасно дека понудата за ваков меч во Sport Life е фантастична и е надополнета со мечот за треттото место меѓу Германија и Полска кој што е закажан за 17:15 часот.