Пчелите се мирни како бубачки пред Топчиите, Арсенал конечно игра опасно и со глава (Видео)

Арсенал пак е моќен и игра одлично, а дека Топчиите имаат на што да се надеваат сезонава потврдија и против Брентфорд во првото полувреме во лондонското дерби.

Како гости водат со 2:0 со головите на новите миленици на навивачите, Вилјам Салиба и Габриел Жезус.

Салиба брзо стана милен кај навивачите на Арсенал, кои пак грмнаа со познатата химна во негова чест, а тој возврати со гол за 0:1 во 17. минута.

https://twitter.com/afcstuff/status/1571460464567291909?s=20&t=gybNfUWRX7vxX72fwJzioQ

Веднаш потоа прецизен беше и Габриел Жезус, кој повторно покажа дека е топ-засилување за Арсенал ова лето.

Бразилецот погоди по четврти пат во Премиер лигата во дресот на Топчиите, а Арсенал е на прагот на нова победа со која ќе биде и лидер во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести