Енис Барди беше еден од оние кои мораше да ја спасува ситуацијата во Трабзон, кој на крајот во драматичен финиш стигна до победа од 3:2 против Газијантеп. Гостите дадоа два гола во првите 10 минути и водеа со 2:0, а Трабзон намали на 1:2, за да во 32 минута во игра беше внесен Енис Барди.
По влегувањето на Барди, играта на домаќините беше многу посигурна. Трабзон израмни на 2:2 пред крајот на првиот дел, а потоа резултатот не се менуваше се до последните моменти од мечот.
Судијата покажа 9 минути дополнително време, а Трабзон даде гол за 3:2 во 90+8 и голема радост на домаќините.
Во Турција се радуваше и Езџан Алиоски кој го одигра целиот меч за Фенербахче во убедливата победа од 5:0 против Аланија.
Аријан Адеми како вистински капитен на Динамо Загреб ги предводеше Модрите до триумф против Локомотива со 2:1. Адеми погоди во шестата минута за водство од 1:0, а фаворитот на крајот славеше за нови три бода и вкупно 28 бодови на Динамо од можните 30 по почетните 10 кола во Хрватска.
Во дресот на Динамо го немаше Стефан Ристовски кој е повреден и нема да игра ниту за Македонија во клучните дуели против Грузија и Бугарија.