Тони Паркер цели 17 години го носеше дресот на Сан Антонио, но пред почетокот на оваа сезона, направи трансфер во Шарлот. „Стршлените“ утрово гостуваа кај Сан Антонио, а Паркер за првпат се појави во градот како ривал на Спарси и победи. Шарлот славеше со 108:93, а Паркер даде осум поени и имаше четири асистенции.
Пред почетокот на дуелот, Паркер доби пречек каков што го заслужува во Сан Антонио. Домашните навивачи со стоечки овации го поздравија влегувањето на Французинот во игра. Едноставно, публиката делуваше како да не им е грижа што нивниот тим ќе загуби, само да направат Паркер да се чувствува што е можно попријатно во градот каде што помина речиси две децении.
Во дресот на Сан Антонио, Паркер се радуваше на четири шампионски титули, шест пати беше Олстар-играч, а со 6.829 асистенции го држи клупскиот рекорд.
4x #NBA champion
6x #NBAAllStar
Franchise leader au nombre d'assists (6,829)Merci @TonyParker | @Spurs | #ThisIsWhyWePlaypic.twitter.com/91jivNPRh3
— NBA France (@NBAFRANCE) January 15, 2019
Во салата дојде да го поздрави и легендарниот Дејвид Робинсон, со кого ги освојуваше титулите, а посебно топло добредојде доби од Грег Попович, кој му беше тренер во текот на сите 17 години во Сан Антонио.