Репрезентацијата на Хрватска вчеравечер во еден интересен натпревар ја совлада Данска со 2:1 во меч од Лигата на нациите.
„Коцкестите“, кои во моментов се светски вицешампиони, веќе долги години наназад упатуваат молби до политичарите и властите на Загреб да се направи нов стадион, бидејќи „Максимир“ изгледа многу лошо.
„Ние сме светски вицешампиони, имаме фантастична атмосфера во соблекувалната, а немаме национален стадион. Тоа е жално.
Долго време не сме играле на ‘Максимир’, а тоа сега е јасно зошто е така и навистина ми е жал“, изјави селекторот Златко Далиќ по победата над Данска.
Хрватска сега има десет бода во првата група од Лигата на нациите и е лидер со еден повеќе од Данска.