ПСЖ заработи богатство со ангажманот на Меси

Лионел Меси имаше катастрофална прва сезона во дресот на Пари Сен Жермен, но и покрај тоа, Аргентинецот му донел богатство на тимот.

Според некои процени, во ПСЖ минатата сезона влегле 612 милиони евра повеќе од претходната, а сето тоа е благодарение на седумкратниот освојувач на Златната топка.

Најголемиот дел на парите на сметката на клубот од Париз легнале благодарение на новите спонзорски договори, додека 40 отсто од оваа сума се должи на продажбата на неговите дресови.

Неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона, а за две сезони Меси заработи 120 милиони евра. Останува да се види дали Аргентинецот и следната сезона ќе игра за ПСЖ или за некој друг клуб.

- Оглас -

Најнови вести