Матиќ: Кин во 70 отсто од своите настапи денес ќе добива црвен картон со своето однесување

Немања Матиќ се најде на удар на критики од легендарниот Рој Кин, кој му кажа дека не може да навива за сите тимови што играл.

Српскиот играч од средината на теренот во моментов настапува за Рома, а претходно играше за Манчестер јунајтед, Челзи и Бенфика и дека не може сите три клуба истовремено да ги сака.

„Кин мора да разбере дека фудбалот од неговото време со овој денеска е целосно променет.

Тој во 70 отсто од своите настапи ќе добива црвен картон со своето однесување денеска, кое за мене е неприфатливо. Јас имам настапувано за овие три клуба и секогаш ми е драго кога тие ќе имаат успех на теренот“, изјави Матиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести