И покрај тоа што нема елитен фудбал викендов, тоа не им пречеше на мајсторите за обложување да направат фантастични добитни тикети.
Таков еден ни доаѓа од Струга, каде што со 20 денари уплата има добивка од 132.635 илјади денари добивка.
ЕДНА ИГРА, ДЕВЕТ НАТПРЕВАРИ И ОГРОМНА ДОБИВКА
Од уплатното место на Sport Life во Струга ни доаѓа фантастичен тикет со девет средби, каде што се бара од три до четири погодоци на сите. Со 20 денари уплата, овој мајстор си заработил 132.635 илјади денари.
Сите натпревари се од англиските натпреварувања. На средбата меѓу Моркомб и Кембриџ, којашто заврши 1:2, и тоа со гол на гостите во 87-мата минута.
Проблематична беше и средбата меѓу Сатон и Салфорд, каде што по првиот дел немаше голови, а два од нив дојдоа во 80-тата и 87-мата минута за триумф на гостите од 2:1.
Уште поголема драма имаше на дуелот меѓу Кру и Мансфилд, каде што исто така по првиот дел немаше голови. Гостите дадоа два погодоци, и тоа во 87-мата и 90+3, за да победат со 2:1 и со тоа да го направат добитен овој мајсторски тикет.
СЛОВЕНЕЧКИОТ МЕГАТАЛЕНТ ДОНЕСЕ ОГРОМНИ НАСМЕВКИ
Шест натпревари, уплата од 250 денари како и добивка од 171.065 илјади беа одлична комбинација за играч од Гостивар.
Словенија со 2:1 ја победи Норвешка, пред сè, благодарение на мегаталентот Бенџамин Шешко, кој даде прекрасен гол за триумф во 80-тата минута. Со тоа, овој мајстор заокружи супер квота од 7.50 бидејќи погоди дека домаќините ќе победат и дека ќе има најмалку три погодоци.
Како што пишавме и погоре, драматично беше и на средбата меѓу Северна Ирска и Косово (2:1). Како и на средбата меѓу Израел и Албанија, каде што до 87-мата минута резултатот беше 1:0.
Мирто Узуни (88′) израмни на 1:1, а нова радост за домаќините донесе Таи Барибо, и тоа во 90+2′. Благодарение на овој гол, добитна беше квотата од 2.20 за да има три гола.
ЕДОНСТАВНАТА ИГРА СЕКОГАШ НОСИ ДОБИВКИ
Кога не знеш како да одиграш, едноставното е секогаш најдобра опција. Таков е случајот и со играчот од Охрид, кој со 60 денари уплата си доби 65.734 илјади денари, и тоа со десет натпревари, каде што се бара 3+ или победа на домаќинот.
Тука се чекаше победа на Израел над Албанија, како и на Израел над Косово, за кои веќе пишувавме дека дојдоа во последните мигови.
Еибар, пак, со два погодоци во првиот дел, си ја обезбеди победата над Сантандер во Ла Лига 2 и бидејќи ова беше последна средба којашто се чекаше, славењето можеше да започне.
ЛИГАТА НА НАЦИИ СО „МИНИМАЛЕЦ“ ИЗРАДУВА ИГРАЧ ВО КАВАДАРЦИ
Сличен тикет ни доаѓа од Кавадарци, каде што со 20 денари уплата има добивка од 124.665 илјади денари, а до тоа дојде благодарение на натпреварите од Лигата на нациите.
Фатена квота од 5.75 за Швајцарија да ѝ даде два гола на Шпанија, а тоа дојде преку Мануел Аканџи и Брил Емболо.
Магичната партија на Александар Митровиќ за Србија против Шведска и триумфот од 4:1 значеше и заокружување на типот од ГГ&3+.
Убава беше и квотата (2.30) за 3+меѓу Северна Ирска и Косово, а таму по првиот дел беше 0:0. Ведат Муриќи донесе предност за нашиот сосед, а домаќините со головите на Гавин Вајт (82′) и Џош Магенис (90+3′) направија целосен пресврт и донесоа триумф од 2:1.