Мурињо доби нова работа, но никако не смее да изговори име на еден клуб

Не помина ни еден месец откако Жозе Мурињо доби отказ од Манчестер јунајтед, а Португалецот веќе најде нова работа. Специјалниот потпишал договор со телевизиската куќа БЕИН Спорт, каде што ќе биде стручен коментатор. Со овој договор, Мурињо им се придружи на Златан Ибрахимовиќ, Пол Сколс, Руд Гулит, Арсен Венгер, Марсел Десаи, Јаја Туре, Немања Видиќ, Весли Снајдер и Грем Сунес, кои од претходно беа стручни коментатори на оваа телевизија.

Мурињо по една работа повторно се разликува од сите претходни стручни коментатори. Португалецот ќе биде убедливо најплатениот. Тој се договорил да добива хонорар од 67.000 евра по меч на којшто ќе биде коментатор. Сепак, постои една работа на која Мурињо треба да внимава. Во текот на преносот не смее да го изговори името на неговиот неодамнешен клуб Манчестер јунајтед.

Во клаузулата од договорот што Мурињо ја има потпишано со Манчестер стои дека на јавни настани не смее да дава никакви коментари поврзани со клубот. Иако веќе има добиено отказ од гигантот од „Олд Трафорд“, овој дел од договорот е активен.

Првиот меч на кој Мурињо ќе биде стручен коментатор е дуелот меѓу Катар и Саудиска Арабија во Азискиот куп, кој се игра задутре. Два дена по тој натпревар, Мурињо ќе го коментира дербито меѓу Арсенал и Челзи, па прашање е дали ќе успее да се воздржи и во текот на тие 90 минути да не го спомене името на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести