Фудбалот веќе во голема мера е бизнис отколку најважната споредна работа во светот.
Сè поголем број пари влегуваат во најпопуларниот спорт, па затоа и гледаме менувања на имиња на стадиони, тренинг-кампови итн.
Еден од последните којшто се огласи за ваквата пракса е легендарниот Ерик Кантона.
„Стадионите се викаат ‘Емирејтс’, ‘Алијанц’и тие веќе ја изгубија душата. За среќа, ‘Олд Трафорд’ сè уште го задржува името, а така е и со ‘Енфилд’. Можете ли да замислите ‘Олд Трафорд’ да добие спонзорско име?
Ако тоа го направат, жалам, јас нема да бидам повеќе навивач на Јунајтед и се откажувам од фудбалот засекогаш“, изјави Кантона.