Стравот го чува лозјето – Саутгејт ја „скаутираше“ најслабата селекција во групата на Англија (ВИДЕО)

Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт, денеска беше во Виена, каде што ја проследи средбата меѓу Иран и Сенегал.

Предводникот на Гордиот Албион, кој се наоѓа под огромен притисок поради лошите настапи во последно време, го следеше пријателскиот меч на најслабиот противник во групата Б на Светското првенство во Катар.

Иран одигра 1:1 со Сенегал, а Саутгејт имаше што да види бидејќи во каква форма е англиската репрезентација, не би чудело доколку не успеат да ги победат Иранчаните.

Покрај овие две селекции, во групата Б на СП се наоѓаат уште САД и Велс.

 

- Оглас -

Најнови вести