Македонија на следната ранг-листа на ФИФА што ќе се објави за девет дена ќе има пад за само едно место

Македонската машка фудбалска репрезентација на следната ранг-листа, која ќе ја објави ФИФА на 6 октомври, ќе биде на 65-тата позиција, што е пад само за едно место во однос на рангирањето кое го имаме сега.

На листата објавена во август, која уште е актуелна, Македонија е 64-та со 1.375 поени. Но, поразите во септември од Грузија и Бугарија ќе придонесат да имаме 1.359 поени и да бидеме 65-ти, што и не е толку лошо бидејќи падот ќе биде за само една позиција.

Инаку, на првите десет места ќе бидат: Бразил, Белгија, Аргентина, Франција, Англија, Италија, Шпанија, Холандија, Португалија и Данска.

Од учесниците на Светското првенство во Катар, најслабо е рангирана Гана, која ќе биде на 61-вото место. Од топ 20 селекциите на листата, на СП нема да играат само Италија и Колумбија.

- Оглас -

Најнови вести