Манчестер јунајтед на градското дерби против Сити в недела веројатно нема да може да смета на својот капитен Хари Мегваер.
Централниот дефанзивец се повреди додека играше за репрезентацијата на Англија, па иако повредата на мускулот не е сериозна, тој би можело да го пропушти дербито на 2 октомври.
Мегваер е најкритикуваниот играч на Црвените ѓаволи сезонава, а и статистиката е против капитенот. Кога тој е стартер, Манчестер јунајтед губи, па можеби и не е толку лошо за тимот ако Хари не игра против актуелниот англиски првак.