Арсенал како гостин го победи Ајакс со 1-0 во возвратниот дуел од женската Лига на шампиони во фудбал и влезе во групната фаза, но од лондонскиот клуб обвинуваат дека домашните, кои одиграа 2-2 во Лондон, се обиделе да стекнат предност на неспортски начин.
Пред мечот било утврдено дека пречката на головите е пониска дури зa 10 сантиметри, што е многу под стандардите на УЕФА. Откако од Арсенал се пожалиле, официјалните лица потврдиле дека головите се пониски, па морале да бидат сменети.
Голем срам за холандскиот гигант. Од Ајакс се ваделе дека во холандското првенство играле на вакви голови со помали димензии и дека досега немале проблем.