Тежок куп за вечните ривали – Партизан испадна, Црвена ѕвезда се мачеше со бункерот во Шабац

Српскиот куп испадна неочекувано тежок за двата српски гиганти во раната фаза, а едниот од нив, Партизан и испадна, а Црвена ѕвезда имаше многу мака во Шабац.

Вчера „црно-белите“ беа поразени од Раднички на пенали откако ги утнаа сите четири удари од белата точка, а денеска и Црвена ѕвезда се мачеше на гостувањето кај Мачва.

Сепак, Црвено-белите победија со 2:0 со головите на Немања Милуновиќ во 48-мата минута и на Кингс Кангва во последните секунди, сосема доволно за да се пласираат во осминафиналето на Српскиот куп.

И Раднички и Мачва се второлигаши и им зададоа многу проблеми на двата гиганти, а тимот од Сремска Митровица приреди и првокласна сензација и ќе игра во осминафиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести