Паузата поради репрезентативните настапи е завршена и сега повторно продолжуваат клупските возбудувања. Јувентус е еден од клубовите кои се во фокусот и тоа поради слабите резултати.
Старата дама игра слабо во првенството и е на осмото место во Серија А, а во Лигата на шампионите е без ниту еден бод од првите две кола. Многумина очекуваа дека тренерот Масимилијано Алегри ќе добие отказ, но тоа не се случи.
Според најавите, Алегри има добиено ултиматум во најскоро време да ги поправи резултатите на тимот ако сака да остане. Се работи за следните пет меча во кои треба да има барем четири победи и едно реми.
Јувентус ќе игра два дуели против Макаби во Лигата на шампионите и тука се очекуваат шест бода за да се задржат шансите за влез во нокаут-фазата. Што се однесува до Серија А, гигантот од Торино во следните три кола мора да освои барем седум бодови, односно да има две победи и едно реми. Во првенството Јувентус за ривали ќе ги има Болоња, Милан и Торино, што значи дека не е многу лесно остварлива оваа мисија.
Останува во следниот период да видиме дали Алегри со Јувентус ќе се радува на четири од петте дуели кои следуваат.