Лионел Меси ја игра втората сезона во Пари Сен Жермен, а веќе започнаа шпекулации дека Аргентинецот може да се врати во Барселона, клубот во кој помина речиси 20 години.
Додека во Шпанија пишуваат за враќање на Меси, од Париз стигнува информација дека ПСЖ на Меси му нуди нов договор, и тоа не како првично што се планираше до 2024, туку до 2025 година.
Челниците на Светците се подготвени и во новиот договор да му ги понудат истите услови кои сега ги има Меси, а тоа е да добива нето-годишна плата од 35 милиони евра.
Во првата сезона во ПСЖ, Меси разочара и имаше постигнување кое е многу под неговиот просек, односно само 11 гола и 15 асистенции во сите натпреварувања. Оваа сезона Аргентинецот е многу подобар и само во првите 11 меча има биланс од шест гола и осум асистенции.