Кина ја доби баскет драмата со Австралија, за светското злато ќе играат против Американките

Кошаркарките на Кина ја победија Австралија во драматично полуфинале на Светското првенство со поени на три секунди до крајот и ќе играат против Американките за злато во големото финале.

Сију Ванг имаше мирна рака на три секунди до крај и погоди две слободни фрлања за голем триумф на Кина од 61:59 против домаќинот на СП.

Претходно кошаркарките на САД убедливо ја декласираа Канада со 83:43 и ќе играат за рекордното 11 светско злато.

Финалето ќе се игра утре од 8 часот наутро, а мечот за бронза меѓу Австралија и Канада е закажа три часа порано и ќе почне од 5 часот утро наутро.

- Оглас -

Најнови вести