Оренбург без многу проблеми со 4:1 славеше над Сочи во меч од руското првенство, а покрај петте погодоци, дуелот ќе се памти и по еден необичен момент. Напаѓачот на Оренборг, Владимир Сичев се запиша во листата на стрелците кога погоди од пенал во 44 минута за 3:0.
По постигнувањето на голот, Сичев реши јавно пред цел стадион да ја побара својата девојка за жена. Со прстенот во рака и букет цвеќе, Сичев побара од неговата девојка да се симне од трибината, а потоа фудбалерот клекна на колено.
Збунетата девојка го зема букетот и го кажа содбоносното „Да“, што беше знак за двојна радост на Сичев кој неколку моменти претходно постигна гол.