Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во финалето од турнирот во Тел Авив откако во полуфиналето беше подобар Русинот Роман Сафиулин во два сета, и тоа 6-1,7-6.
Новак кој е прв носител на турнирот во Тел Авив, мечот против Сафиулин го отвори со два брејка по ред и поведе со 5:0 по што рутински ја заврши работата за само 23 минути.
Во вториот сет, Сафиулин даде далеку поголем отпор, успеа да направи брејк при водство на Ѓоковиќ од 5:4 и да обезбеди тај-брејк.
Во одлучувачкиот гем, Србинот славеше со 7:3 и обезбеди пласман во финалето каде го чека подобриот од дуелот меѓу Констан Лестиен и Марин Чилиќ.