Грев е што му се случува на Синер – Не куртули од проблеми во 2022 година, капак е повредата на глуждот на ногата во Софија (Видео)

Јаник Синер доживеа незгодна повреда на глуждот на десната нога, вчера на АТП турнирот во Софија и во самиот финиш на третиот сет му го предаде мечот на Холгер Руне.

Италијанскиот тенисер при резултат 7:5, 4:6, 2:3 се лизна и го свитка скочниот зглоб на десната нога.

Потоа се обиде да продолжи, но во загубена ситуација и негатива од 2:5 во решавачкиот сет не можеше да ги издржи болките и го предаде мечот.

Претходно Синер поведе со 1:0, откако го доби првиот сет сет со 7:5, а Руне израмни на 1:1 со 6:4 во вториот сет.

Норвежанецот денеска ќе игра за втората АТП титула во кариерата против Марк Андреа Хуслер, а Синер останува убедливо најмалерозниот тенисер во 2022 година.

Проблемите на 21-годишниот Италијанец почнаа на стартот од оваа година кога прележа Ковид-19, па поради тоа не играше на турнирот во Ротердам.

Потоа се разболе на таканаречениот петти гренслем во Индијан Велс и без игра му предаде меч на Ник Кирјос.

Во Мајами поради плускавци на нозете му го предаде мечот на Франсиско Черундоло и тоа се само дел од маките на 10-рангираниот светски тенисер.

Списокот на повреди и откажани, или предадени мечеви на Синер годинава е долг, а какви се малери годинава го бијат талентираниот Италијанец можете да погледнете на следниот твит.

 

 

- Оглас -

Најнови вести