Невидена трагедија – Индонезиски фудбалски пекол однесе во смрт 127 луѓе, има и над 200 повредени (Видео)

Тажен ден се случи во Индонезија, но и во светот на фудбалот, вчера на „Канјурухан Маланг“ стадионот на дербито меѓу Арема и Персебаја, а животот го загубија дури 127 луѓе и над 200 се повредени.

Во хаосот полицијата пукала со солзавец за да ја смири систуацијата, што предизвикало контра-ефект со трагични последици.

Во стампедото има многу прегазени луѓе, а инцидентот предизвика да дојде и до прекин на првенството во Индонезија на најмалку една седмица и истрага, која точно треба да утврди што е причината за втората најголема трагедија според бројот на жртви во фудбалската историја.

На стадионот имало само навивачи на домашниот тим Арема, кои и по трагедијата не се смирувале, па го каменувале автобусот со противничките играчи на Персебаја.

 

- Оглас -

Најнови вести