Сер Алекс само што не заплака, со „кисело лице“ го гледаше дебаклот на Јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед доживеа вистински потоп на „Етихад“ губејќи од градскиот ривал со 6-3.

Во главните улоги беа Фил Фоден и Ерлинг Халанд кои постигнаа по три гола, и доколку „граѓаните“ не стиснеа на сопирачката во второто полувреме, победата можеше да биде поубедлива.

Добар дел од навивачите на Манчестер јунајтед уште по првото полувреме одлучија да го напуштат стадионот, а тие што останаа успеаја да ги видат трите гола на нивните фудбалери.

https://twitter.com/i/status/1576569957705318400

Но, и тоа не можеше да го ублажи дебаклот и тоа најдобро го покажа лицето на легендарниот менаџер на Јунајтед, сер Алекс Фергусон.

Камерите го фатија сер Алекс со „кисело лице“ како го следи натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести