Марија Соле Фериери Капути (32) денеска испиша историја во италијанскиот фудбал станувајќи првата жена што била главен судија на натпревар во Серија А.
Марија ја делеше правдата на натпреварот меѓу Сасуоло и Салернитана кој заврши со убедлив триумф од 5-0 на домаќините.
https://twitter.com/i/status/1576553156557041666
Ова е најголемиот успех во судиската кариера на Марија која започна пред 15 години. Интересно е што Марија Соле Фериери Капути тренирала фудбал, но по одлуката на нејзините фудбалери да и забранат да игра, таа на 17 години станала фудбалска судијка.
Минатата сезона, таа судеше во Серија Б, дебитираше на дуелот меѓу Читадела и Спал, а ја делеше правдата и во Купот на Италија и тоа на средбата меѓу Калјари и Читадела.
https://twitter.com/i/status/1576557329490714629
„Моите родители не сакаа да играм фудбал, но тогаш беа поинакви времињата од сега. Курсот за судии ми се виде како добра можност да се обидам да останам во фудбалот. Верувам дека девојките сега разбирааат дека и ова што јас го направив е возможно“, изјави неодамна Марија Соле Фериери.
Во останатите денешни натпревари во Серија А, покрај убедливиот триумф на Лацио, победа оствари и Монца со 3-0 на гости кај Сампдорија, додека Лече и Кремонезе играа без победник 1-1.
Во тек е натпреварот меѓу Аталанта и Фиорентина, додека во вечерниот термин Јувентус ја пречекува Болоња.