Шпанскиот второлигаш Бургос е вистински хит сезонава бидејќи по 8 одиграни кола во Сегунда дивизија, има неверојатна гол-разлика од 2-0. Да, само два постигнати и ниту еден примен гол во осум меча.
Голманот Хозе Антонио Каро го изедначи рекордот во Шпанија на Клаудио Браво од Барселона од 2014/2015, без примен гол во првите осум средби од една сезона.
Од осумте меча сезонава, Бургос дури шестпати одигра 0-0, а двапати победуваше со 1-0. Нападот им е катастрофа, но одбраната е како нескршлива тврдина, па деветти се на табелата.