Хорор во Германија, фудбалер удри со глава во ѕид и веднаш беше пренесен во болница (ВИДЕО)

Германскиот фудбалер Денис Јапел имаше стравичен удар со главата во бетонски ѕид за време на натпреварот од регионалната лига – Север меѓу Хеми Лајпциг и Кемницер.

Јапел трчаше по една топка покрај аут-линијата, а откако ја исфрли во аут, по инерција продолжи да трча. Бидејќи беше лизгав бетонот, не можеше да запре навреме и удри со главата во ѕидот.

Chemie Leipzig player Jäpel passed out after hitting his head against a wall from soccer

 

Јапел веднаш бил пренесен во болница, каде што му биле извршени детални лекарски прегледи.
Неговиот клуб соопшти дека Јапел не претрпел никакви сериозни или трајни оштетувања, но дека одреден период мора да одмора и нема да смее да игра.

- Оглас -

Најнови вести