Екипата на Бургос во шпанската Сегунда дивисион има неверојатни резултати. По осум одиграни меча, клубот има 12 бодови и тоа не е ништо неверојатно ако не се погледне гол-разликата што ја има Бургос.
Во осум кола, Бургос даде само два гола, а освои 12 бодови, и тоа само поради фактот дека има челична одбрана. Тоа е единтвениот тим во шпанските лиги што досега нема примено ниту еден погодок.
Бургос викендов одигра 0:0 на гости кај Вилјареал Б и тоа беше четврто реми без голови по ред за нив. Во останатите мечеви, Бургос двапати победи со по 1:0, а останатите мечеви ги одигра без голови, па на тој начин успеа да собере дури 12 бодови само со два погодоци во осум кола.