Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд, „ја откри“ причината за неговите феноменални игри сезонава во дресот на Манчестер сити. Тој рече дека тајната на успехот се крие во лазањите кои ги подготвува неговиот татко Алф Инге.
Халанд во Премиер лигата има 14 гола и три асистенции на 8 меча, а на последните три домашни средби, даваше по три гола.
„Пред секој домашен натпревар јадам од лазањите на татко ми, и тоа се исплати. Сигурно тој во лазањите става некој специјален зачин“, се пошегува Ерлинг, кој рече дека не му помага на татко му во кујна, туку само го гледа и лежи во кауч.