Во Франција нема да има групно следење на натпреварите од Мундијалот во Катар

Градоначалници на шест француски градови, меѓу кои е и Париз, одлучија да не дозволат натпреварите од Светското првенство во Катар да се гледаат на големи екрани на плоштадите. Покрај главниот град на Франција, фудбал на големи екрани на плоштади нема да се гледа ниту во Лил, Стразбур, Родез, Бордо и Марсеј.

Причината за ваквиот потег на градоначниците е бидејќи во Катар не се почитуваат човековите права и на овој начин сакаат да искажат протест кон организаторот на Мундијалот.

Се залагаме за човековите права и тоа се нашите вредности. Во спортот исто така е потребна солидарност, но не можеме да прифатиме како организаторите на СП се однесуваа кон луѓето што ги градеа стадионите. Покрак тоа, таму е еколошка катастрофа“, стои во соопштението на градоначалникот на Марсеј.

Со соопштение се огласи и заменик-градоначалникот на Париз, кој потврди дека нема да има групно следење на натпреварите на француската репрезентација на плоштадите поради лошите услови за имигрантите што работеа на изградба на стадионите во Катар.
Светското првенство во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември, а титулата ќе ја брани токму Франција.

- Оглас -

Најнови вести