Освен фудбалската Лига на шампиони, денеска и утре се играат средбите и од четвртото коло во ракометното елитно европско натпреварување. Денеска има три меча, а утре ќе се играат пет средби.
Динамо во Букурешт е фаворит за победа над Порто, додека во останатите два денешни дуела, се очекува гостите да слават. Нант игра во Словенија кај Целје, додека Веспрем, кој заедно со Барселона се единствени перфектни по првите три кола, игра кај ГОГ во Данска. За оние кои сакаат да играат на хендикеп, на сите три денешни средби дадена е граница од 3,5 гола со кои фаворитите треба да победат.