Најскапиот играч во историјата на Ливерпул откри: Ништо не го разбирам Клоп

Ливерпул го победи Ренџерс и со шест бода е на второто место во групата од Лигата на шампиониte. Александер Арнолд и Мохамед Салах беа стрелци на головите за домаќините во победата од 2:0.

Во стартниот тим на Ливерпул, како најистурен во нападот беше Дарвин Нуњес, но фудбалерот кој летово беше купен за 75 милиони евра (најскап трансфер во историјата на клубот), засега не може да се вклопи во тимот.

Нуњес сезонава одигра 10 меча и даде три гола во сите натпреварувања, а три меча мораше да одлежи и поради суспензија. На дуелот против Ренџерс, Нуњес одигра 80 минути, а потоа беше заменет. Кога голгетерот по мечот беше прашан каква тактика подготвил тренерот за дуелот со Ренџерс, фудбалерот шокираше со одговорот.

„Искрено, јас и не разбирам ништо што зборува Клоп за време на подготовката на мечот или на полувремето. Откако ќе заврши со зборување, го прашувам соиграчот кој е до мене да ми објасни што кажувал тренерот. Сепак, мислам дека Клоп е многу јасен за тоа што го зборува. Од нас бара да ги правиме работите да бидат едноставни, да не се плашиме да играме, да имаме самодоверба. Кога ќе ја загубиме топката, веднаш да тргнеме во пресинг. Тоа секогаш го бара тренерот од нас“, рече Нуњес.

- Оглас -

Најнови вести