Квадво Асамоа ја заврши кариерата на 33-годишна возраст, а имаше интересен фудбалски пат и се збогува со колекција од 13 пехари.
Сите му се освоени со Јувентус, а Ганецот имаше среќа да биде член на Старата дама во период кога Црно-белите од Торино апсолутно доминираа во Италија.
Асамоа беше шампион со Јувентус од сезоната 2012/13 сè до 2017/18, или шестпати по ред.
Во тој период има и четири титули во Копа Италија, односно во националниот Куп на Италија, а трипати се радуваше на победи и пехари во Суперкупот на Италија.
За жал на сега веќе 33 годишниот фудбалер, тој не успеа да се радува на пехар во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, а загуби во три финалиња, две во ЛШ во 2014/15 и во 2016/17, а потоа загуби со Јуве и во мечот за титула во Лигата на Европа во сезоната 2019/20.
Асамоа играше и за репрезентацијата на Гана до 2019 година и има 74 меча и четири постигнати голови.
Во кариерата играше само за четири клуба и сите се од Италија, а беше член на Удинезе, Јувентус, Интер и Калјари, а пристигна на Чизмата како член на младинската Академија на Торино.