Леброн Џејмс (37), ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс и на НБА-лигата, откри што планира да прави откако ќе замине во пензија – сака да има сопствен тим во најсилната кошаркарска лига на светот.
„Би сакал тука да имам свој НБА-тим во еден момент“, им рече Леброн на новинарите во Лас Вегас по поразот на неговиот тим од Феникс санс за време на подготовките пред новата сезона.
Ова не е првпат името на Џејмс да се поврзува со нов тим во НБА кој треба да настапува токму во Лас Вегас. Но, според плавилата на НБА-лигата, тој не смее да има никаков удел во НБА-тим сè додека е активен кошаркар.
Џејмс моментно има акции во бејзбол-тимот на Бостон ред сокс и во англискиот премиерлигаш Ливерпул.
Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, неодамна изјави дека засега нема шанси да се прошири лигата, но како идеални опции за еветуално проширување на лигата во иднина ги гледа Лас Вегас и Сиетл.