Леви со Баерн на последните 35 меча во ЛШ имаше два порази, со Барса на три меча има два порази

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, е одличен во шпанската лига каде што е прв стрелец, и прилагодувањето во новата средина му оди брзо, но во Лигата на шампионите, сликата е малку поинаква.

Левандовски во три кола има три постигнати голови, што е добар просек од еден гол по меч, но проблемот е што сите три гола ги даде против Викторија Плзен, додека против Баерн и Интер, не се запиша во листата на стрелци, па Барса губеше.

Кога Левандовски не дава гол, Барселона има проблем и не победува. Така беше и во првото коло од Ла Лига против Рајо Валјекано.

Левандовски кој за 50 милиони евра се пресели од Баерн во Барселона, изјави дека полесно да се дојде до Златната топка како играч на Барса, отколку на Баерн. Можеби е така, но Леви на само три настапи во ЛШ во дресот на Каталонците, веќе претрпе два порази, и им се заканува опасност од преселба во Лига Европа.

Како играч на Баерн, Левандовски на последните 35 средби имаше два порази. Разликата е голема.

- Оглас -

Најнови вести