Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Астана откако во четвртфиналето беше подобар од Карен Качанов, а по дуелот им објасни на навивачите и на новинарите зошто е толку силен ментално.
Новак против Качанов имаше доста падови во играта, но сепак успеа да најде начин да го совлада Русинот во два сета и тоа со 6:4,6:3. По мечот, Ѓоковиќ беше запрашан од каде му е менталната сила за да одигра најдобро во одлучувачките моменти.
https://twitter.com/i/status/1578380437939838977
„Тоа ми е од детството. Ќе разберевте доколку растевте во Србија“, рече Ѓоковиќ.
Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето во Астана ќе му биде уште еден Русин, Данил Медведев кој во четвртфиналето со убедливи 6:1,6:1 го победи Роберто Баутиста-Агут.