Тотенхем славеше со минимални 0:1 против Брајтон во рамки на 10 коло во Премиер лигата и ја продолжи трката по лидерот на табелата Манчестер сити.
Тотенхем во девет одиграни натпревари има шест победи и досега собра 20 бода, три помалку од лидерот Сити и еден од Арсенал кој својот натпревар против Ливерпул ќе го игра утре.
Единствениот гол на натпреварот го постигна капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, во 22 минута, на асистенција на Хјонг-Мин Сон.
Кејн голот му го посвети на кондицискиот тренер на Тотенхем, Џан Пјеро Вентроне кој минатата недела ја загуби битката со леукемијата.