Мечот меѓу Мичиген и Индијана во колеџ лигата на американскит фудбал, во еден момент бил прекинат бидејќи морао да му се даде лекарска помош на помошник тренерот на Мичиген, Мајк Харт.
На Харт му се слошило и колабирал додека бил на клупата и веднаш се констатирало дека се работи за сериозна ситуација, па лекарскиот тим морало да реагира. Било констатирано дека Харт доживеал мозочен удар и веднаш бил пренесен во болница.
Michigan’s RB coach Mike Hart collapsed on the sideline against Indiana.
Hope he’s ok. pic.twitter.com/mxB9ntdZZp
— Bleacher Report (@BleacherReport) October 8, 2022
Харт има само 36 години, а од клубот соопштија дека неговата состојба е стабилна.
„Ќе остане во болница на дополнителни прегледи. Мајк е силен дечко. Има поддршка од сите и ќе ја добие најдобрата можна нега. Во овој момент, неговото здравје е најважно“, вели тренерот на Мичиген, Џим Харбо.
Michigan running backs coach Mike Hart was carted off the field during the team’s game vs. Indiana. pic.twitter.com/SYT2TVq5pp
— (@sportingnews) October 8, 2022
Мозочните удари за играчите во НФЛ не е нешто непознато, па не е мал бројот на оние кои дури прерано починуваат, а сето тоа се поврзува со силните удари што го претрпуваат во текот на кариерата. Харт три години беше професионалец. Играше за Универзитетот на Мичиген, а во 2008 година беше избран како 202 пик на НФЛ драфтот.
Три сезони играше за Индијана Колтс, а во 2011 година реши да ја заврши играчката кариера и стана тренер.