Атлетико Мадрид ќе се обиде да го ангажира Алваро Мората од Челзи како позајмен играч до крајот на сезоната. Диего Симеоне нема многу опции за нападот, Диего Коста цело време се мачи со повреди, ниту неговата форма не блеска, па „јорганџиите“ одлучија да бараат партнер за Гриезман во последната линија.
За шпанскиот фудбалер на „сините“, исто така, се интересираат и Севилја и Барселона, но клубот од Лондон посакува во целост да се ослободи од Мората. Кај Маурицио Сари комплетно ја загуби довербата, а италијанскиот стратег веќе извесно време се обидува да го доведе Гонзало Игуаин.
Челзи го доведе Мората во летото 2017 година од редовите на Реал Мадрид за сума од 60 милиони фунти.