Три десетки се максимум за осмото коло на Спортска прогноза, Лестер беше мина кај сите тројца

Три десетки е максимумот на учесниците во Спортска прогноза кои го одиграа осмото коло во петтата сезона од бесплатната игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life.

Сите тројца го промашија дуелот од Премиер лигата меѓу Борнмут и Лестер бидејќи не очекуваа дека „лисиците“ ќе загубат со 2:1 иако водеа на полувремето.

Филип К. погоди 10 натпревари, но кобни за него беа двојките што ги одигра на натреварите Борнмут – Лестер, Милан – Јувентус и Салернитана – Верона.
На три двојки падна и Киро М. Кој не го погоди конечниот исход на натпреварите Алмерија – Рајо Ваљекано, Борнмут – Лестер и Кадиз – Еспањол.

Бојанчо К. кој исто така погоди 10 натпревари, ги промаши натпреварите Алмерија – Рајо Ваљекано и Борнмут – Лестер за кои сметаше дека ќе завршат без победник, а го промаши и натпреварот Анже – Стразбур каде типуваше на победа на домаќините.

Наградите остануваат исти стандардно и за деветтото коло што ќе биде достапно за прогнозирање веќе од утре, од 14 часот, а сите обложувачи што имаат СЛ картичка од Sport Life, можат да учествуваат во бесплатната игра со многу забава и привлечни награди.

- Оглас -

Најнови вести