Некогашниот шкотски фудбалер Гавин Стоук загина на само 30-годишна возраст во сообраќајна несреќа. Несреќниот Стоук изгубил контрола над своето возило „Мерцедес ГЛЦ“ излетал од патот и починал на самото место.
Овој поранешен репрезентативец на Шкотска до 17 години, во кариерата има настапувано за Данди јунајтед, како и екипите на Алоа, Ирвин Медоу, Килбирни, Мерихил јуниорс, а кариерата ја заврши во 2019 година во екипата на Калединијан Брејвс.
Додека играше за Мерихил, во 2017 година постигна гол по само две секунди од стартот на мечот.