Англиската полиција започна истрага против поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант поради сомнежи дека домот го претворил во плантажа за одгледување марихуана.
Целата куќа на Пенант била уредена за одгледување на марихуана, но поранешниот фудбалер негира дека е инволвиран во тоа и се правда дека иако куќата ја купил во 2006 година, во последно време живее на друга адреса.
Куќата е изградена во 1930 година и има сопствен рибник како и тениски терен и затворен базен, а е ненаселена од 2020 година откако Пенант се раздели од партнерката Алис Гудвин.
Според англиските медиуми, нарко банда ја зазела куќата на Пенант и ја користела за одгледување на марихуана, а целиот случај го открил јутјуберот Лук Венчерс кој влегол во куќата за да сними видео за својот канал.
„Момци, тукушто влеговме во место каде се одгледува канабис, во домот на поранешен фудбалер. Ова е куќа на фудбалерот Џермејн Пенант и погледнете што се наоѓа тука“, рече јутјуберот.