Динамо Загреб може да биде осминафиналист во ЛШ, но може да остане и без Лигата на Европа

Ремито од 1-1 дома против Салцбург го остави Динамо Загреб „ни на небо, ни на земја“, па екипата на Стефан Ристовски и Аријан Адеми уште има шанса да биде осминафиналист во Лигата на шампионите, дури и како прва во групата, но може и да заврши како последна во групата, па да испадне од Европа и да остане без настапи и во „утешната“ Лига на Европа.

На две кола до крајот во замрсената група Е, Челзи е прв со 7 бода, Салцбург има 6, а Милан и Динамо се по 4. Динамо во следното коло треба да игра дома со Милан, а во последното гостува кај Челзи, па секакви математики се во оптек по вечерашните мечеви.

- Оглас -

Најнови вести