Вечерва стрелците се расположени за тресење на мрежите, на шест меча се постигнати 14 гола само за едно полувреме

За разлика од вчерашниот ден кога сите шест вечерни натпревари завршија со најмногу два гола, вечерва фудбалерите се реализаторски расположени и на сите шест меча има голови, а на четири се постигнати најмалку по два гола и тоа за едно полувреме.

Најмалку гола има на „Камп Ноу“ каде Барселона доминацијата ја круниса со гол во 40. минута на Осман Дембеле.

Најубедлива предност има Баерн Минхен кој на гости кај Викторија Плзењ по првото полувреме води со 0:4 благодарение на двата гола на Горецка и на Мане и на Милер.
Тотенхем има предност од 3:1 по 45 минути игра иако првиот гол на средбата го постигна германскиот тим преку Камада. Но, Хјонг-Мин Сон со два гола и Кејн со еден направија пресврт.

Предност по првиот дел има и Олимпик Марсеј и тоа од 0:2 на гостувањето кај Спортинг во Лисабон како и Порто кој води со 0:1 против Баер Леверкузен.
Во Глазгов, Ренџерс и Ливерпул играат 1:1 по првиот дел, домаќините поведоа преку Арфилд, а „“црвените“ дојдоа до израмнување со голот на Роберто Фирмињо.

- Оглас -

Најнови вести