Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром во првиот натпревар на домашен терен во АБА-лигата, во понеделникот загуби од Партизан со 74:92, но домашните навивачи, популарната „фамилија“ го импресионира Јадранот.
Фотографијата на второто коло во АБА-лигата „им припадна“ токму на навивачите на МЗТ Скопје Аеродром.
„Фамилијата“ својата верност кон тимот од Аеродром ја покажа и во дуелот со Партизан иако натпреварот се играше во непопуларен термин (16 часот), дојде во голем број во СЦ „Јане Сандански“ и во текот на сите 40 минути ги бодреше своите миленици.
Токму еден таков момент, на кој „фамилијата“ не ги штедеше своите грла, беше уловен од фотографот на АБА и токму тој момент беше избран за фотографија на колото.